Жители на Гренланд на социјалните мрежи на бизарен начин ја исмеваат т.н. „американска култура“ во видео кое стана вирално поради растечките тензии околу иднината на островот и плановите на Трамп да го преземе.
Вирално видео
Во видеото објавено на ТикТок профилот „@pov_fromarctic“, кој редовно споделува содржини за животот на Гренланд, две лица го имитираат таканареченото „Фентанил превиткување“, поза карактеристична за зависниците од опијати кои стојат превиткани во половината.
Креаторот го нарекол видеото „Воведување американската култура на Гренланд“, а видеото е прегледано повеќе милиони пати. Делот за коментари стана место за исмевање на Соединетите Американски Држави, вклучувајќи ги и американските граѓани.
Поделени реакции
„Како Американка, велам дека ова е злато. Држете се, Гренланѓани! Ниту ние не го сакаме нашиот претседател“, нејзиниот коментар добил повеќе од 40.000 лајкови. „Соединетите Американски Држави се и секогаш ќе бидат шега за остатокот од светот“, гласи друг коментар, кој добил повеќе од 50.000 лајкови, додека еден корисник напишал: „Како Американец, не знаев дека Гренланѓаните имаат такво чувство за хумор. Браво, продолжете така“ и добил повеќе од 140.000 лајкови.
Сепак, не им било смешно на сите. „Неверојатно е што покрај Трамп, тие би избрале да се потсмеваат на зависниците што страдаат“ и „Никој не треба да се смее на ова“, беа некои од коментарите.








