Кузеска: Дефокус, линк и црна кампања, хронологија на политиката на ВМРО

Макфакс

23/01/2026

12:53

143

Големина на фонт

а а а

Вчера покажавме како изгледаат фабрикуваните лаги, токсичните наслови и погрдните текстови од кујните на ВМРО со илјада примери. Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои седејдневно се соочуваат граѓаните. Секојдневните скандали и катастрофалната економска состојба ги покрива со постојан дефокус и пренасочување на вниманието на граѓаните, кажа на прес-конференција Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ.

Како што истакна, зад грбот на народот течат криминални тендери а пред очите на граѓаните кујните на ВМРО им сервираат измислени афери, црни кампањи и јавен линч врз опозицијата.

Според неа, ова е хронологија на политиката на ВМРО за дефокус само во последните два месеци.

„Пред два месеци, СДСМ формираше Антикорупциски тим и започна со објавување нови бомби, нови докази за корупциски скандали со тендери на коалиијата ВМРО-ЗНАМ. 161 тендер за една фирма, 9 милиони евра за фирма со двајца врабоени основана пред една година, 51 тендер во општините, 1,2 милиони евра преку Пошта за фрима блиска до ЗНАМ. Големи скандали на тендер коалицијата.

Во тој период стиигна потврда на инфромацијата дека поради корупцски скандал со ИПАРД 3 програмата ЕУ ги блокирала средствата. Скандал тежок 130 милиони евра, со уапсен директор од ВМРО за проневера на еврпски пари.

Веднаш почна дефокусот на ВМРО и кујните со лажни обвинувања, замислете дека Заев, Филипче и Николовски дозволиле пченица од државните стокови резерви да биде незаконски продавана“.

Во првата половина на декември месец, додаде Кузеска, британските медиуми објавија информации дека постои договор за носење мигранти за пари во Македонија.

„После овие вести, штанцањето теми за дефокус отидоа до плафон, дефокусот стана единствена политика на ВМРО. Зграда во Дубаи од 42 ката, Сент Мориц, Венеција, што ли не змислија. Ќе објават лажна вест за зграда во Дубаи, а во позадина ќе протуркаат Декрет во Собранието за замолчување на опозицијата. Ќе објавуваат нова измислица за Венеција, а во позадина се протнува Закон за странци како вовед во носењето на мигранти, односно „економски работници“. Дури ја нападнаа и СДСМ, договорено и координирано, пред Конгрес.

Па се до последниот пример. Сите да се занимаваат со лажните вести на Алфа ТВ и црната кампања на ВМРО против претседателот Филипче, додека се увезуваат 10.000 „економски работници“.

Над 200 текстови дневно кои секојдневно се објвауваат.

Кучињата лаат – ранаванот си врви.

Нема одговори за ниту едно прашање од интерес на граѓаните“.

Како што наведе Кузеска нема одговор и зошто нема зголемување на платите, нема одговор за тоа што недостасуваат 2 милијарди евра во буџетот.

„Нема одговор ниту за криминалните тендери, ниту за Алта банка, за прославите на Стоилковиќ со ноќните волци на Путин. Нема одговор ниту за „економските работници“. Има само дефокус.

Секогаш кога ќе излезе текст од кујните на ВМРО се случува уште една пљачка зад грбот на народот. Планот е едноставен: изолација, избори, па мигранти за пари“.