Ливерпул триумфално мина низ Франција и се враќа во Англија со убедлива победа од 0:3 над Марсеј, натпревар кој беше отворен со мало ремек-дело од Доминик Собослаи.
Унгарскиот играч за врска прераснува во голема движечка сила на Ливерпул во средниот ред, но во последно време мораше да се носи и со критиките и поради ноншалантноста која ја презентираше на натпревар против Барнсли.
Неговото потценувачко играње со пета на недозволив дел од теренот му донесе критики поради примениот гол, меѓутоа дефинитивно за издвојување е напредокот кој го бележи оваа сезона, нешто за што сега говореше и Стивен Џерард.
– Ако остане скромен и ако продолжи даработи како досега, може да достигне ново ниво во својата кариера. Мора да продолжи да еволуира и да продолжи да расте како игра. Без разлика на возраста која ја имате, секогаш треба да стремите да бидете подобра верзија од себе.
– Талентот е тука и не се доведува во прашање, со актуелните луѓе кои ги има околу себе, може да прерасне во светска класа. Мора да остане скромен и да не го прави тоа од пред некое време, видовме мало его со играта со пета во својот шенаесетник. Севкупно гледано, на него гледам како на играч кој може да биде светска класа, никогаш не бил поконстантен од сега, – изјави Џерард за Собослаи.








