Славија Прага остави добар впечаток и сериозно ја предизвика Барселона на натпреварот во Лигата на шампиони, но на крајот потклекна и прими два гола со кои загуби 2:4.
Чешкиот тим им создаде доста непријатности на каталонците со својата цврстина и решителност да се борат за секоја топка, но и покрај прикажаната желба, на крајот исплива сувиот квалитет на шпанскиот шампион кој славеше со 2:4.
Фермин Лопез беше најзаслужен за фактот што Барса направи пресврт по негативата од 1:2, но покрај тоа што постигна два гола, ривалите останаа воодушевени од играчот за врска и поради неговиот квалитет на движење и динамиката со која постојано се отвора и им се нуди на своите соиграчи.
– Од самиот старт бевме целосно фокусирани на мечот и бевме во игра д окрајот. Им создадовме непријатности на теренот и малку се смрзнаа, навистина сум среќен што игравме отворено и директно против ваков ривал.
– Од сите играчи кои ги видов, посебно впечаток ми остави Фермин. Никогаш немам виден нешто слично. Начинот на кој игра зад вашиот грб, начинот на кој се отвора е неверојатен. Никогаш не сум играл против подобар играч во тој аспект, – вели играчот за врска на домашниот тим, Михал Садилек.








