Тениската икона Новак Ѓоковиќ не можел да ја скрие својата згрозеност кога дознал колкав процент австралиски сопственици на домашни миленици би им дозволиле на своите кучиња да им го лижат сладоледот.
Освојувачот на 24 гренд слем титули беше главен гостин во квизот „The Hundred“ на Канал 9 со Енди Ли и комичарот Мајк Голдстајн.
Ѓоковиќ бил разочаран уште од првото прашање кое го добил во рамки на првиот сегмент, во кој тој и Голдстајн се обидувале да погодат како 100 анкетирани Австралијци одговориле на низа прашања.
Првото прашање – колкав процент австралиски родители би признале дека имаат грдо бебе, го запрепастило Новак.
„О мој Боже. Тоа е чудно и непристојно“, му рекол на Ли. Ѓоковиќ одговорил 16%, но точниот одговор бил 6%.
Следното прашање било: „Мислите ли дека Австралијците сметаат дека е во ред да користат Фејстајм во јавноста, да или не?“.
„Очигледно да, искрено. Само што Австралијците се секогаш надвор, времето е убаво, многу се дружељубиви, така што мислам дека тоа не им пречи“, одговорил Ѓоковиќ. Меѓутоа згрешил, бидејќи 58% одговориле не.
Потоа следувало прашањето што го принудило Ѓоковиќ да го покрие лицето поради згрозеност.
„Колкав процент австралиски сопственици на кучиња би му дозволиле на своето куче да им го лиже сладоледот?“, прашал Ли.
„Што? О, мој Боже, мислам, ова е … сè над 10% ќе биде смешно“, одговорил Ѓоковиќ.
Кога Голдстајн рекол 25%, српскиот тенисер, повторно извикал „О мој Боже“.

Потоа Ли открил дека точниот одговор е 19%, а тениската легенда одговори: „Австралијо, што не е во ред со тебе?“.
Инаку Ѓоковиќ се појавил во емисијата откако во понеделник го започнал својот поход на 25-та Гренд слем титула со рутинската победа против Шпанецот Педро Мартинез.












