Фермин Лопез достигнува ново фудбалско ниво оваа сезона, нешто што беше очекувано и најавувано од Ханси Флик, човекот кој се покажа како главен виновник за тоа што шпанскиот играч за врска не заврши во Челси.
Фермин не беше задоволен од својата минутажа минатата сезона и му се отвори шанса за голем трансфер во Челси, но во завршницата од летниот преоден рок следеше блокада од Флик, иако изгледаше дека Барслеона е подготвена да инкасира огромна сума на парид за својот фудбалер.
Значајно влијание за нереализирање на трансферот имаше и самиот Лопез кој реши да се бори за своето место во Барса, а откако вчера постигна два гола во мрежата на Славија Прага, доби нови јавни пофалби од својот тренер.
– Фермин е фантастичен фудбалер и тоа го докажува од натпревар во натпревар во последно време. На крајот од краиштата, последната одлука за неговата иднина зависеше од него.
– Ние сакавме да остане, но на крајот самиот реши да остане. Навистина сум среќен што го направи тоа, тоа беше вест на летото за нас. Тој е играч кој ни дава здив во дадени ситуации и кој има ДНК на Барса, – објасни Флик.








