Страшна трагедија се случи во Словачка на автопатот број 63, кога во сообраќајна несреќа загина поранешната сопруга на познатиот ММА борец Габор Борарош – Моника Јаклиова, по судир со луксузен автомобил од марката „Maybach“, пренесува унгарскиот портал „Blikk“.
Ужасната несреќа се случила нешто пред четири часот наутро на споменатиот автопат, на делницата меѓу Велки Меѓер и Долни Штал, во близина на еден од излезите од автопатот, јавуваат унгарските медиуми.
Kislányával közös videóval jelentkezett Boráros Gábor volt felesége halálos balesete után #hazaisztarok https://t.co/KdCafjhmtL
— Blikk (@blikkhu) January 21, 2026
Возилото од марката „Maybach“ се движело по патот, по што излетало и се судрило во дрворед, по што целосно се распаднало. Се претпоставува дека се движело со голема брзина, бидејќи при ударот автомобилот се распаднал на неколку делови, а потоа и се запалил, изјавил Тибор Ходоши, началник на противпожарната единица.

Се додава дека во автомобилот се наоѓала Моника Јаклиова, познат фитнес модел и инфлуенсерка, која заедно со ММА борецот Габор Борарош се појави во познатото унгарско ТВ-шоу „Парови“. Полицијата потврди дека во возилото имало само едно лице и дека таа го загубила животот.
Телото на возачката било пронајдено веднаш покрај запалениот автомобил. Итните служби, за жал, не успеале да ја реанимираат настраданата Моника и таа била прогласена за мртва на самото место.

Во Унгарија често се наведуваше дека таа била една од најубавите инфлуенсерки во земјата.












