Кузмановски: Горд сум на момците, среќата не беше на наша страна!

Дерби

21/01/2026

12:53

202

Големина на фонт

а а а

Македонија самата си ја закомплицира работата и ризикуваше да остане без победа во дуелот со Романија, па иако до истата стигнавме на потежок и драматичен начин, овој триумф е важен за самодовербата кај самите играчи, но и за патот за следните големи натпреварувања.

Голот на Костески пред звукот на сирената донесе тензична победа за нашиот национален тим, во кој вистински лидер одново беше Филип Кузмановски со девет погодоци.

По 15-те гола кои ги постигна против Португалија, популарниот „Фитиљ“ блескаше во улога на капитен и против Романија, а откако Македонија го завери третото место во групата со остварена победа, Кузмановски извлече и први заклучоци од европскиот шампионат.

Македонија ја заврши групната фаза со еден пораз, едно реми и една победа, а трите освоени бода во исклучително тешка конкуренција се добра увертира за иднината која ја има оваа генерација.

– Требаше да имаме подобар концентрација во текот на 60 минути, но и покрај се, среќен сум за победата. Оваа победа ќе ни значи за во иднина, покажавме дека веруваме во самите себе, покажавме дека оваа репрезентација поседува квалитети.

– Прераснуваме во зрели играчи, а ќе остане да жалиме за ремито со Португалија. Со малку среќа, можевме да се радуваме на победа и можеби заслуживме да стигнеме до таа втора фаза на турнирот. Без оглед на се, одиме напред, имаме голем потенцијал за следните натпреварувања и останувам горд на овие момци.

– Добро е што го завршуваме турнирот без тешки повреди, се враќаме здрави во клубовите и треба да бидеме благодарни за тоа. Благодарни сме и на навивачите кои беа тука, на нашите семејства, како и на гледачите од ТВ екраните во Макдонија. Завршивме како трети во нашата група, верувавме дека можеме да се надигрурваме со Португалија и Романија и така и испадна. Покажавме дека сме подготвени за овие два меча, на крајот пресуди среќата, а таа не беше на наша страна, – изјави Кузмановски.