Опасна замка: Поради ова родителите најмногу се караат, а решението е едноставно

Кармин

21/01/2026

12:19

444

Големина на фонт

а а а

Речиси секој родител поминал низ слично сценарио: утро е, се брзате на работа, а детето одлучило дека баш денеска не сака да се облече. Целата е да излезете од домот без викање и солзи, а токму во такви моменти на сцена стапува родителската слога.

Дејвон Кунтцман, експертка за родителство објаснува дека партнерите честопати имаат потполно различни пристапи. На пример, додека едниот се потпира на давање избор: „Сакаш ли да се облечеш сега или по појадокот? Сама одлучи“, другиот ѝ пристапува на ситуација низ игра: „Хм, оваа маичка станала невидлива или само се скрила? Одиме да ја пронајдеме“.

Кога родителите се усогласени околу целта, не е нужно проблемот да го решаваат на идентичен начин. Различните стратегии можат да водат кон ист, успешен исход.

Но, вистинскиот проблем настанува кога стиловите на воспитување драстично се спротивставени. Тогаш се јавуваат огорченост и фрустрација бидејќи и двајцата партнери се обидуваат да докажат дека токму тие се во право. Клучно е фокусот да се пренасочи од натпреварување на соработка. Целта е да се отвори дијалог во кој партнерот нема да се чувствува нападнато, туку почитувано.


Бидете љубопитни, а не критични

Започнете со намера дека навистина го разбирате партнерот, а не да го убедувате во исправноста на вашите ставови. Пристапете ѝ на неговата перспектива со искрена љубопитност. Поставете му прашања како: „Каде го научи тој пристап?“, „Што сакаш да постигнеш во оваа ситуација?“, „Како се чувствуваш додека го применуваш тоа?“ и „Како мислиш дека тоа влијае врз нашето семејство?“.

Кога слушате без осудување, создаваат безбеден простор во кој партнерот може слободно да го сподели својот став. Тоа ја намалува потребата за одбрана и го отвора патот кон конструктивен разговор. Запаметете, критиката само го продлабочува јазот.

Разговарајте за факти, а не за чувства

Откако ќе го ислушате партнерот и ќе му покажете дека го разбирате, време е да ја споделите вашата страна. Но прво побарајте „дозвола“: „Дали би било во ред со тебе да споделам една идеја?“. Држете се до фактите, а не до личните уверувања: „Слушав интересен поткаст на оваа тема …“.

Фактите го пренасочуваат разговорот од личен конфликт на разбирање нови информации. На тој начин се намалува притисокот врз партнерот тој/таа веднаш да се согласи со вас. Ако видите дека е отворен/на, можете да кажете: „Се обидов да ја применам методата (Х) и забележав дека детето подобро реагира…“.


Повторно поттикнете дијалог

Откако ќе го изнесете вашето мислење, „вратете му ја топката“ на партнерот. Поставете дополнителни прашања за разговорот да стане отворен: „Што мислиш за ова?“, „Дали веќе слушна за таков пристап?“ или „Дали ви сакал/а еднаш да го пробаме тоа заедно?“.

Луѓето се поподготвени да прифатат нови идеи кога се чувствуваат почитувано и вклучено. Ако партнерот се чувствува нападнат, ќе заземе одбранбен став и разговорот таму ќе застане.

Бидете пример, а не критичар

Конечно, не можете да го контролирате партнерот, но можете да влијаете на него со сопствен пример. Својата филозофија на воспитување покажете ја со дела и дозволете му сам/а да ги види позитивните резултати.

Кога партнерот ќе забележи дека вашиот пристап ги смирува изливите на бес на детето или создава подобра поврзаност, веројатно и самиот ќе стане љубопитен. Помирни утра, помалку конфликти и позадоволно дете се најдобар аргумент за вашата метода. Фокусирајте се на она што е во ваша моќ: вашите сопствени мисли, зборови и дела.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk