Новата глобална листа на најбезбедни авиокомпании покажува дека европските превозници се меѓу лидерите по безбедност.
„Turkish Airlines“ е прогласена за најбезбедната компанија во Европа, додека пак „EasyJet“ исто така е лидер меѓу нискобуџетните превозници, а стапката на инциденти по лет останува исклучително ниска.
Иако комерцијалните летови со децении се најбезбедниот начин на патување, неколку високо медиумски испратени несреќи во последните 12 месеци разбирливо ги загрижиле и искусните и повремените патници.

Веб-страницата „AirlineRatings“ ја анализирала стапката на инциденти кај 320 авиокомпании и ги зела предвид факторите како што се бројот на летови и старост на флотите, па составила листа од 25 најбезбедни авиокомпании во светот за 2026 година.
Покрај тоа, ја проценувале и обуката на пилотите, безбедносните адути, а годинава поголемо значење им било дадено и на мерките за спречување на турбуленции.
Иако генералниот директор Шерон Петерсен истакнал дека разликите меѓу авиокомпаниите во рангирањето се намалуваат, првото место го зазела авиокомпанијата „Etihad Airways“. Ова е првпат компанија од Заливот да се најде на врвот од листата, преземајќи го приматот од „Air News Zealand“.
Три од пет најдобри компании доаѓаат од тој регион, додека пак на листата во целина доминираат авиопревозници од Азиско-пацифичкиот регион. Седум европски компании исто така се нашле меѓу топ 25.
Кои се најбезбедните авиокомпании во Европа во 2026 година?
Турскиот национален авиопревозник „Turkish Airlines“ повторно е прогласена за најбезбедна компанија во Европа, заземајќи го 12 место во светот.
Оваа компанија исто така го држи и светскиот рекорд по бројот на земји во кои лета. Последниот фатален инцидент во комерцијален лет со „Turkish Airlines“ се случил во 2009 година кога девет патници и членови од посадата загинале при пад на „Boeing 737-800“ во текот на слетувањето на аеродромот во Амстердам.

На 13 место се нашла британската компанија „Virgin Atlantic“, додека пак сестринската „Virgin Australia“ се нашла на 9 место. Имено, „Virgin Atlantic“ од основањето во 1984 година немала ниту една фатална несреќа.
Останатите европски компании во топ 25 се: „TAP Air Portugal“, „SAS“, „British Airways“, „Iberia“, „Lufthansa“.
Најбезбедните нискобуџетни авиокомпании во Европа за 2026 година
Во посебно рангирање биле сместени нискобуџетните превозници, а европските компании составувале 40 отсто од листата.
Додека на глобално ниво најдобра била „HK Express“, најдобрата европска нискобуџетна компанија била „easyJet“ која се нашла на петтото место.
Британскиот превозник од основањето во 1995 година немал ниту една фатална несреќа.
Следат „airBaltic“, „Wizz Air“, „TUI“, „Vueling“, „Norwegian“, „Jet2“, „Ryanair“, „Transavia“ и „Eurowings“.
Како се одредуваат најбезбедните компании?
„AirlineRatings“ ги оценува авиокомпаниите по систем од седум ѕвезди, а топ 25 се бираат оние кои ќе добијат максимален број.
Системот за оценување ги зема предвид сериозните инциденти поврзани со пилотите, намалувајќи една или две ѕвезди во зависност од тежината и зачестеноста, како и фаталните несреќи во последните 10 години кои носат губење од три ѕвезди.

Оценувањето не вклучува тероризам, киднапирање, самоубиства или несреќи предизвикани со други авиони.
Предвид се земаат и меѓународните адути, вклучувајќи го „IATA Operation Safety Audit“, меѓународната аеронаутичка безбедност на проверка на државата и „FAA“ рејтингот за безбедност.
За 2026 година првпат во оценувањето било вклучено и учеството на авиокомпанијата во „IATA Turbulence Aware“ програмата, а во наредните години се планира и процена на политиката за литиумски батерии, безбедносни видеа и употреба на напредни алатки за следење на безбедноста.















