Партизан продолжи со очајните партии во Евролигата, а најновиот пораз дојде од Олимпијакос кој како гостин славеше во Белград со 104:66.
„Црно-белите“ беа рамноправи во првата четвртина за да во вториот период се распаднат, ситуација која продолжи и по паузата што на крајот донесе тежок пораз на домашен терен.
- Многу тежок натпревар. Само првата четвртина беше натпреварувачка. После тоа, секогаш доцневме во сите ситуации. Игравме слабо во одбраната, лоши проценти во нападот. Многу лош натпревар. Нашите навивачи, нашиот клуб заслужуваат многу повеќе од нас и подобро, - истакна тренерот Жоан Пењароја кој им се заблагодари на навивачите за поддршката.
- Нашите навивачи играа евролигашки ннатпревар. За првпат во мојата кариера загубив натпревар со 40 поени разлика, а навивачите нè поддржуваа во текот на сите 40 минути. Тие заслужуваат многу повеќе од нас.
- Имам одговорност, но ова е првенствено одговорност на играчите. Тука сум да им помогнам, да ја подобрам нивната состојба на умот и телото. Но, на крајот на денот, ние сме професионалци и имаме обврска да се бориме, да играме подобро и да се натпреваруваме, - рече Шпанецот кој не размислува за оставка.
- Не жалам што дојдов во Партизан. Размислувам за подобрување секој ден и борба. Мора да работиме напорно 100%. Не размислувам за оставка, сакам да се натпреварувам и да се обидувам да ги направам навивачите среќни, - заврши Пењароја.
Партизан со учинок 6-16 е на самото дно на табелата.








