Салиба издвои едно име: Ќе ни помогне да освојуваме титули

Дерби

15/01/2026

12:24

259

Големина на фонт

а а а

Арсенал направи голем исчекор кон пласман во финалето на аглискиот лига куп откако славеше над Челси со 3-2 во првиот натпревар од полуфиналната фаза.

„Топчиите“ двапати водеа со два разлика (0-2, 1-3), предност која на крајот не ја сочуваат, ама дојдоа до важен триумф со кој си го отворија патот до завршниот натпревар во ова натпреварување.

- Среќни сме што победивме. Знаеме дека никогаш не е лесно да се дојде тука и да се победи. Очигледно можевме подобро бидејќи мислам дека примивме два гола што можевме да ги избегнеме. Но, на крајот победивме. Знаеме дека мора дома да ја завршиме работата, - порача дефанзивецот Вилијам Салиба.

Французинот воедно испрати комплименти до летното засилување Мартин Зубуменди кој го постигна третиот гол на „Стемфорд Бриџ“.

- Тој е многу добар играч. Никогаш не е под притисок, можете да му ја дадете топката, може да има некого на грб и никогаш нема притисок. Тој е толку добар за нас со и без топка, а денес покажа дека може и да постигнува голови. Да бидам искрен, постигна премногу голови оваа сезона за некој кој е „шестка“. Добро е што го имаме и сигурен сум дека многу ќе ни помогне да освоиме некои титули, - заклучи Салиба.