Седум тренери кои можат да го предводат проектот на Јунајтед

Дерби

14/01/2026

13:28

431

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед го постави Мајкл Керик за нов предводник или поточно наследник на Рубен Аморим на менаџерската позиција, ама со договор само до крајот на оваа сезона.

Керик засега се води само како краткорочно решение што значи дека отворена е опцијата англискиот великан да добие нов стратег по натпреварувачката 2026/2027.

Тоа е одлука која ќе треба да ја донесе управата на клубот, одлука која сигурно ќе зависи и од тоа што Керик ќе му донесе на Јунајтед во наредните неколку месеци што остана простор за многу шпекулации. „Сан“ состави листа од седум стратези кои би можеле да станат перманетни тренери на Јунајтед со тоа што прв на листата е ставен човекот кој официјално вчера беше потврден на „Олд Трафорд“.

Останатите имиња кои се во игра, поточно се на листата на можни менаџери на тимот од Манчестер се Герет Саутгејт, Луис Енрике (ПСЖ), Чаби Алонсо, Оливер Гласнер (Кристал Палас), Томас Тухел (англиска репрезентација) и Андони Ираола (Борнмут).