Мајкл Керик ја доби довербата и ќе го води Манчестер Јунајтед во преостанатиот дел на оваа сезона каде комплетниот фокус ќе биде на Премиер лигата и обезбедување на што подобар пласман, излез во европските купови.
Ова ќе биде најголем предизвик за Керик во досегашната тренерска кариера, но и секако можност со добри резултати да се избори за останување на „Олд Трафорд“ и крајот на натпреварувачката 2025/2026.
Времето ќе покаже дали ова е вистинска одлука на управата на клубот, а во меѓувреме сигурно ќе бидеме сведови на многу коментари, различни ставови за тоа во кој правец се движи поранешниот англиски првак. Јап Стам настапуваше за Јунајтед во едно друго време и како човек на кој клубот му значи издвои две имиња кои би сакал да ги води на кормилото на „црвените ѓаволи“.
Тој посакува враќање на Рој Кин, ама сега со поинаква улога.
-Би сакал да го видам Рој Кин како се враќа во Манчестер Јунајтед на тренерска или менаџерска позиција. Иако многу поранешни играчи зборуваат за насоката и одлуките на клубот, многу од тие поранешни играчи на Јунајтед се подготвени да помогнат на кој било начин што можат, без разлика дали на тренерска или советничка позиција, бидејќи тоа е во нивен најдобар интерес – сите тие сакаат клубот да успее.
-Да се види Рој во таква улога би било одлично, но денес фудбалските клубови се многу претпазливи со тоа како поранешните играчи зборуваат во медиумите. Ако имате свој глас и го изразувате своето мислење за одредени одлуки, ризикувате да ги навредите луѓето во клубот, а тие можеби нема да сакаат ваше вклучување, -истакна Стам кој го посочи и името на Луис Енрике.
-Луис Енрике би бил одличен избор како постојан менаџер на Манчестер Јунајтед. Тој ја покажа својата класа во Пари Сен Жермен и е многу добар менаџер. Тој е многу посветен на секој клуб во кој работи и има многу страст за играта, што е она што ви е потребно ако сакате да успеете како менаџер во голем клуб како Јунајтед. Тој исто така игра многу флуиден и привлечен фудбал, што е она за што навивачите и стручњаците плачат на Олд Трафорд.
-Луис Енрике им дава слобода на своите играчи да се изразат себеси, додека го одржува својот стил на фудбал и својот систем, што е многу позитивна особина за менаџер. На Јунајтед би можело да му биде тешко да го привлече Енрике од Париз со оглед на тоа што се чини дека е добро сместен на „Паркот на принцовите“, но влегува во последните 12 месеци од договорот, па можеби ќе има можност да го доведат во Манчестер, -вели Холанѓанецот.











