Родри го стекна континуитетот кој го посакуваше и полека ја остава зад себе тешката повреда на коленото, а во ситуација кога работите на теренот изгледаат доста подобри за Шпанецот, му се јави еден нов и неочекуван проблем во приватниот живот.
Како што откриваат англиските медиуми, шпанскиот репрезентативец добил повеќе пријави во полиција за нарушување на приватноста на соседите, кои останале шокирани и вознемирени од несекојдневното хоби кое го има Родри во доцните вечерни часови.
Имено, Родри уживал да го лета својот дрон во местото во кое престојува во Манчестер, а бидејќи останатите станари добро го познаваат неговиот „пентхаус“, брзо пристигнале и пријави за големата фудбалска ѕвезда.
– Видовме како Родри го лета своето летало пред нашиот прозор, а потоа го враќа дронот на својот балкон во пентхаусот. Ги има сите пари на светот, но тој троши време така што го лета својот дрон блиску до прозорите на други станари, – изјавил еден анонимен сосед за „САН“.
– Живеам со партнерката на 34-ти спрат и на таа висината очекувате да имате целосна приватност. Последно што очекувате е да видите дрон на еден метал од вашиот прозор. Мојата партнерка беше навистина вознемирена кога го виде леталото, навистина не мачат Родри и неговиот дрон,- изјавил друг сосед за истиот медиум.
Според информациите, случајот е веќе пријавен во полиција, а Родри набрзо ќе треба да оди на информативен разговор со надлежните луѓе.








