Кембел за заминувањето на Мареска од Челси: Тој очигледно е…

Дерби

14/01/2026

13:29

445

Големина на фонт

а а а

Новата година започна со изненадувачка вест, а тоа е заминувањето на Енцо Мареска од редовите на премиерлигашот Челси.

Италијанецот донесе две титули минатата сезона, два пехари на меѓународната сцена (Конференциска Лига и Светското клупско првенство) и се очекуваше во оваа кампања да се направи нов исчекор во Премиер лигата и Лигата на шампионите, но иако резултатите беа променливи никој не очекуваше дека сега ќе заврши таа приказна.

Сепак дојде до разделба, „сините“ веќе продолжија по друг пат и го доведоа Лиам Росениор, додека Мареска сега е слободен и ќе чека шанса за нов предизвик.

Некогашниот англиски репрезентативец Сол Кембел има своја теорија и смета дека Италијанецот си заминал од „Стемфорд Бриџ“ за друга работа.

- Мислам дека Енцо Мареска е спремен за друга работа. Не ја напушташ таа ситуација освен ако не си подготвен за друга работа. Што би можело да го натера на погрешен начин да си замине од клуб како Челзи со одлични млади играчи и клуб кој оди во вистинската насока?

- Тој очигледно е подготвен за друга работа – или потенцијално друга работа во секој случај, - смета некогашниот стопер на Арсенал и Тотенхем.