Зои Салдана стана актерка со најголемата заработка во историјата. Оваа 47-годишна актерка, добитничка на Оскар ја престигнала и Скарлет Јохансон откако успехот на филмот „Avatar: Fire and Ash“ додал над 1,2 милијарди долари на нејзината вкупна заработка.
Филмовите на Салдана сега заработиле повеќе од 15,46 милијарди долари ширум светот, според податоците на „Numbers“.
Овој резултат бил постигнат благодарение на претходните „Avatar“ филмови и нејзините улоги во трилогијата на „Marvel“ – „Guardians of the Galaxy“ и филмовите „Avengers“.

Салдана исто така имала успех и со филмовите „Star Trek“ и првиот дел од „Pirates of the Caribbean“, пишува „Guardian“.
Минатата година Јохансон избила на врвот откако „Jurassic World Rebirth“ заработил 869 милиони долари ширум светот. Актерката исто така се појавила и во повеќе филмови на „Marvel“.
„Avatar: Fire and Ash“ заостанува по заработка од претходните филмови од истата франшиза, но од декември останал на првото место на домашните листи.
Салдана исто така го позајмува гласот во минатогодишната авантура на „Pixar“ – „Elio“, но филмот не остварил очекуван успех.
Минатата година Салдана освоила и Оскар за најдобра споредна актерка во мјузиклот „Emilia Perez“.

Според податоците на „Numbers“ зад актерката следат Семјуел Л. Џексон, Роберт Дауни Џуниор и Крис Прат кои исто така играле во повеќе проекти на „Marvel“.
Најуспешните актери на листата кои не играле во проектите на „Marvel“ се: Том Круз, Вин Дизел, Двејн Џонсон и Том Хенкс.