Баварската машинерија тргна моќно во новата 2026-та година, па така на првиот официјален натпревар Баерн Минхен го потопи Волфзбург и го испрати со осум гола од „Алијанц арена“.
Германскиот првак беше немилосрден и до врв ја наполни мрежата на гостите, а во голеадата која заврши со резултат 8:1, видовме и една реализација на Хари Кејн.
Извонредниот голгетер овојпат гледаше како неговите соиграчи постигнуваат гол пред него, но тој го сочува најдоброто за второто полувреме, кога асистираше за 5:1, а потоа погоди и за 6:1.
Англичанецот презентираше завидна техника која е карактеристична за најдобрите голгетери, а Бундеслигата го презензтираше неговиот гол како совршена реализација.
– Еј Хари, покажи ни ја соврешената реализација…






