По барање на клубот, играчите на Реал Мадрид добија препораки да не даваат изјави по крајот на дербито кое вчера се одигра на „Метрополитано“, па во ситуација кога главна тема беше жестоката прес-конференција на Жозе Мурињо, воглавно преовладува молк меѓу ѕвездите на тимот.
Реал загуби од Атлетико во контроверзни услови и се уште се потенцираат неколку спорни ситуации од натпреварот, а бидејќи станува збор за голема дерби пресметка која секогаш буди посебни емоции меѓу фановите, Тибо Куртоа реши да го прекине молкот.

Голманот е првиот играч на Реал кој се огласи преку социјалните мрежи за поразот од 2:1, ставајќи акцент на судиски одлуки, но и на самите играчи кои не беа на висина на задачата.
Иако имаше спорни одлуки, генерален впечаток е дека Реал не одигра воопшто добар натпревар, па Куртоа јасно стави до знаење дека цел тим треба да работи на подобрување.
– Не фрустрираа некои очигледни работи на теренот, но во наши раце е да се подобриме како тим и да не дозволиме да губиме бодови во иднина, – порача Куртоа.







