Деми Мур сподели со јавноста ретки детали од својата врска со Брус Вилис, откривајќи симпатичен ритуал што нејзиниот поранешен сопруг го практикувал со години.
За време на разговорот со Кејт Хадсон на специјална проекција на нејзиниот најнов филм „Song Sung Blue“ во Лос Анџелес, Мур се присетила на љубовта на Вилис кон музиката на Нил Дајмонд, пишува „People“.
На настанот одржан во средата, на 7 јануари, во клубот „Soho House“, 63-годишната ѕвезда на филмот „Substance“ открила зошто новиот филм на Кејт Хадсон зазема посебно место во нејзиното срце. Мур и Вилис (70) биле во брак од 1987 до 2000 година и заедно имаат три ќерки: 37-годишната Румер, 34-годишната Скаут и 31-годишната Талула.

„Ова е нешто лично, но Брус секоја недела имаше ‘Ден на Нил Дајмонд’“, ѝ рекла Мур на 46-годишната Хадсон.
Филмот „Song Sung Blue“, чијшто наслов е инспириран од песната на Дајмонд од 1972 година, го следи вистинскиот пар кој имал трибјут бенд посветен токму на Нил Дајмонд. Хадсон во филмот глуми заедно со Хју Џекман.
„Филмот ме потсети на моменти кога тој пушташе Нил Дајмонд, а јас ќе прашував: ‚Што се случува?‘“, се присетила Мур. „Тој на тоа ќе речеше: ‚Не, денес е Ден на Нил Дајмонд.‘“
Актерката додала: „Го пушташе Нил по цел ден. Тоа го правеше со години. Тој беше голем обожавател на Нил. И јас исто така!“
Иако се разведоа пред повеќе од две децении, Мур и Вилис останаа блиски пријатели. Во интервју за „Rolling Stone“ во декември 2000 година, Вилис го објаснил нивниот однос:
„Сè уште ја сакам Деми. Многу сме блиски. Имаме три деца кои ќе продолжиме да ги воспитуваме заедно, сè уште сме блиски како порано. Разбираме дека имаме доживотна обврска кон нашите деца. Нашето пријателство продолжува. Институцијата е ставена настрана“, зборувал тогаш актерот, кој во 2009 година се ожени со Ема Хеминг Вилис.
Мур, со својот тогашен сопруг Ештон Качер, присуствувала на нивната венчавка. „Станавме како племе“, изјавил Вилис за „W Magazine“ во јуни 2009 година, по венчавката со Ема, со која имаат две ќерки.

Во септември 2025 година, Ема Хеминг Вилис ексклузивно за „People“ проговорил за почетокот на својата љубовна приказна со Брус, која започнала на заеднички одмор со него, неговата поранешна сопруга и нивните деца во 2007 година.
„Ја запознав другата страна на Брус, кој беше семеен човек“, рекла таа. „На крајот од тоа патување многу се заљубив во него. Тоа беше почетокот на нашата љубовна приказна.“