Челзи го отпушти Енцо Мареска

Макфакс

01/01/2026

14:59

448

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот стручњак Енцо Мареска повеќе не е тренер на фудбалерите на Челзи, објави англискиот клуб.

Мареска го презеде Челзи во јуни 2024 година, а со клубот од „Стенфорд Бриџ“ ја освои Конференциската лига и Светското клупско првенство во 2025 година.

„Овие достигнувања ќе останат важен дел од поновата историја на клубот и му благодариме за неговиот придонес во клубот. Со оглед на тоа што клучните цели сè уште треба да се исполнат во четири натпреварувања, Енцо и клубот веруваат дека промената му дава на тимот најголема шанса да ја врати сезоната на вистинскиот пат. Му посакуваме на Енцо се најдобро во неговата идна кариера“, се вели на веб-страницата на Челзи.

Италијанскиот тренер неодамна имаше несогласувања со раководството на Челзи, а сето тоа кулминираше по резултатската криза и една победа во претходните седум натпревари од Премиер лигата.

Челзи е на петтото место на табелата во Премиер лигата со 30 бода, додека во Лигата на шампионите е на 13-та позиција со 10 бода.