Играч на Еспањол го разгорува дербито: Намерно би го нагазнал Јамал

Дерби

02/01/2026

12:54

178

Големина на фонт

а а а

Еспањол како домаќин на големото каталонско дерби кое следи презема специјални мерки за претпазливост во пресрет на враќањето на Жоан Гарсија како ривал во противничкиот табор, но во редовите на домашниот тим очигледно владее поголем анимозитет кон Ламин Јамал.

Кам-бекот на Гарсија во домот на Еспањол не се очекува да биде воопшто пријатен, но еден доскорашен соиграч на голманот го избра Ламин како поголем непријател на теренот.

Пере Мила во разговор со навивачите на Еспањол доби прашање кое брзо стана доста популарно во јавноста, а причина за тоа е и искрениот одговор кој го даде.

Фудбалерот на Еспањол доби прашање кого би сакал повеќе да го нагазне со копачка на дербито кое следи, по што искусното крило го избра офанзивецот на Барса.

– Мислам дека на прво место е Ламин, – порачува Мила во пресрет на каталонското дерби кое се игра утревечер во 21:00 часот.