Прва јануарска трансфер „бомба“ во Англија: Борнмут разменува документи за продажба на Семењо

Дерби

02/01/2026

11:14

260

Големина на фонт

а а а

Антоан Семењо воодушеви со своите партии од стартот на сезоната и прерасна во еден од најдобрите играчи во Премиер лигата, а неговите брилијантни изданија му донесоа таков статус, што сите големи великани од Островот се заинтересираа за неговиот потпис.

Крилниот напаѓач беше преселуван на различни места во изминатите 30-тина дена, но последната вест која доаѓа од Островот вели дека работата и дефинитивно е завршена од Манчестер Сити.

Имено, добро информираниот новинар Бен Џејкобс тврди дека Борнмут ја прифатил послендата понуда на Сити која е околу 65 милиони фунти, па двата клуба веќе разменуваат документи за реализација на трансферот уште во раната фаза на зимскиот преоден рок.

Угледниот новинар на „Дејли мејл“ излезе со оваа ексклузива рано утрово, односно неколку часа по ремито кое го одигра Манчестер Сити на „Стадионот на светлината“ против Сандерленд, што значи дека Семењо утре има големи шанси да го игра последниот меч како играч на Борнмут.

За да биде уште поинтересно, Семењо ќе има шанса за докажување против Арсенал, а бидејќи станува збор за тим кој е директен конкурент на Сити во битката за титулата, „граѓаните“ сигурно ќе очекуваат услуга уште пред да го облече синиот дрес на „Итихад“.