[ФОТО] Далеку од елеганција, а сепак „полн погодок“: Кралицата Летиција и принцезите изненадија со стајлинзите за театар

Кармин

30/12/2025

18:33

436

Големина на фонт

а а а

Шпанската кралица Летиција веќе со години ги диктира модните трендови и нѝ ги покажува своите беспрекорни комбинации, па спаѓа меѓу најстилизираните членки на кралските семејства ширум светот.

Од неа сме навикнати на елегантни, префинети и модерни модни изданија, а по нејзините стапки одат и нејзините ќерки, принцезите Леонор и Софија.

Тие неодамна се појавиле во мадридскиот театар „Фернан Гомез“, каде што го гледале мјузиклот „RENT“, а присутните ги изненадиле, но и ги воодушевиле со своите „обични“ стајлинзи, кои биле ненаметливи и совршено усогласени.

Далеку од свечените фустани и костими на кои сме навикнати, шпанската кралица и нејзините ќерки се одлучиле за „casual chic“ што се темели на основни парчиња: џемпери и фармерки.


Кралицата Летиција се решила за розов џемпер, кој го комбинирала со широки темносини фармерки. Стајлингот го заокружила со црни чевли со робустна потпетица.

Принцезата Леонор се одлучила за џемпер во бордо нијанса со кружен изрез, кој го носела во комбинација со сиви фармерки со широки ногавици.

Најмладата, Софија, носела кратка волнена јакна во сива нијанса, а под неа се наѕирал едноставен бел џемпер и шал во истата нијанса, додека долниот дел од комбинацијата го сочинувале темни фармерки слични на оние на мајка ѝ.

Со овие модни изданија, шпанската кралица и нејзините ќерки покажале дека се наклонети кон едноставни парчиња кои знаат совршено да ги изнесат и да остават одличен впечаток.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk