[ФОТО] „Среќен Божиќ на семејството кое никогаш не ме повреди“: Бритни објави порака полна со горчина и сарказам

Кармин

30/12/2025

16:21

519

Големина на фонт

а а а

Поп-ѕвездата Бритни Спирс објави саркастична порака на социјалните мрежи кон нејзиното семејство, кратко откако нејзината сестра Џејми Лин сподели семејни фотографии од божиќна забава на која пејачката не присуствуваше.

Според „Ти-ем-зи“, Бритни ги поминала празниците со својот помлад син, 19-годишниот Џејден Џејмс. Нејзиниот постар син, 20-годишниот Шон Престон, славел со остатокот од семејството: сестрата на Бритни, Џејми Лин, нејзиниот сопруг Џејми Вотсон и мајката Лин Спирс. Шон Престон наводно морал да остане во Луизијана поради работа и се појавил на семејна фотографија.


Бритни се огласи на својот инстаграм-профил со објава во која пишуваше: „Среќен задоцнет Божиќ на моето прекрасно семејство кое никогаш не ме омаловажило, не ме повредило, не направило ништо сосема неприфатливо или ми предизвикало неверојатна траума – онаква каква што не може да се поправи… на моето драго, мило, невино семејство… Многу ми е жал што бев зафатена овој Божиќ, но дефинитивно ќе се вратам наскоро да ве изненадам… Едвај чекам… поздрав, прекрасна Ајви… само сакам да ве прегрнам, љубов моја… Среќно, пријатели.“



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk