Открила уред за следење во својот автомобил, па веднаш отишла во полиција: Еве кој стоел зад тоа

Точка

26/12/2025

17:59

857

Големина на фонт

а а а

Откако добила вознемирувачко предупредување, една 27-годишна жена решила веднаш да се упати кон најблиската полициска станица.

Сè поголем број луѓе денес користат локатори и паметни уреди за следење за да имаат увид во движењето на куфери, торби и други вредни предмети за време на патувања. Ваквите уреди даваат чувство на сигурност бидејќи овозможуваат следење на изгубени или украдени предмети во реално време.

Меѓутоа, една млада жена ги предупреди другите да бидат внимателни откако доживеала застрашувачко искуство – открила непознат уред за следење прикачен на нејзиниот автомобил.

„AirTag“ и слични уреди како средство за следење

Откако компанијата „Apple“ во 2021 година го лансираше „AirTag“, сè почести се пријавите, особено од жени, за злоупотреба на овие и слични минијатурни локатори.

Уредите биле користени за неовластено следење, така што биле ставани во торба или прикачувани на возило. Доколку корисникот поседува „iPhone“, телефонот може да го предупреди дека во близина има уред кој го следи неговото движење. Сепак, дури и со предупредување, ваквите локатори можат да бидат многу тешко забележливи, особено ако лицето не знае каде да бара.


Необично предупредување за време на возење

Токму тоа ѝ се случило на Дина Џалаф од Лондон. Во видео-снимка објавена на „TikTok“, таа раскажа дека се возела на вечера во „McDonald’s“ кога нејзиниот телефон одеднаш ѝ испратил известување дека детектирал „Loshal tag“ кој се движи заедно со неа, пренесува „Mirror“. „Loshal tag“ е мал уред наменет за следење и лоцирање предмети.

„Што да правам? Како да го пребарам автомобилот?“, праша таа во видеото.

Наместо дома – во полиција

Во следното видео, Џалаф објасни дека предупредувањето ја навело, наместо дома, да оди директно во најблиската полициска станица. Се присети на разговорот со рецепционерка, на која детално ѝ објаснила дека се сомнева дека е следена, но дека не може да го пронајде уредот во автомобилот. Откако ги оставила своите податоци, на 27-годишната ѝ било советувано да оди во авто-сервис, каде што експерти би можеле да го пронајдат и безбедно да го отстранат уредот за следење.


Кој имал пристап до автомобилот?

Џалаф навела дека, освен неа, пристап до нејзиниот автомобил имаат само нејзините родители, поради што не ѝ било јасно кој би можел да постави локатор. Во следната снимка ја откри и вистината.

„Тоа беа моите родители. Моите родители го ставиле уредот за следење во мојот автомобил. Не беше странец, немам никој што ме прогонува, освен ако моите родители не ги сметате за прогонители“, изјави таа.

Признание што не донесе олеснување

Како што објасни, мајка ѝ и татко ѝ самите ја повикале и признале што направиле, но таа и понатаму била во шок од нивната одлука.

„Дали завршив со нив? Да“, им порача таа на гледачите на крајот од видеото.


Реакции од јавноста

Во коментарите брзо се појавија бројни мислења, а многумина се согласија со Џалаф дека нејзините родители ја преминале границата.

„Како родител, никогаш не би ми паднало на памет да ги следам моите возрасни деца. Тоа е лудо“, „Зар немале што да кажат? Си се исплашила за сопствениот живот. Интересно е што признале дури кога ја спомна полицијата. Жал ми е што ти се случи тоа“, „Можеби го направиле во случај автомобилот да биде украден или да исчезнеш?“ – се само дел од коментарите, на кои Џалаф одговори:

„Понудија да ја објаснат ситуацијата. Им реков дека не ме интересира никакво оправдување што го имаат.“