Божиќ, омилениот празник во годината е забранет во 5 земји: Знаете ли кои се и која е причината?

Точка

26/12/2025

19:04

788

Големина на фонт

а а а

Додека во поголемиот дел од светот се чувствува празнична треска исполнета со свечени собирања и размена на подароци, лесно е да се заборави дека за милијарди луѓе 25 декември 7 јануари се само обични деови.

Имено, постојат земји во кои Божиќ не се слави како официјален празник, а причините за тоа најчесто се културолошки или верски.

Северна Кореја


Во Северна Кореја нема место за верски празници како Божиќ. Тоталитарната идеологија на државата не толерира религија затоа што ја доживува како конкуренција на државната власт и на култот на личност кој со години се гради околу династијата Ким.

Секој облик на одбележување на Божиќ може да заврши со затвор или потешки казни, а организираната религија во земјата главно е под надзор на режимот.

Наместо христијанските празници, државниот календар е полн со датуми кои го слават лидерството и историјата на режимот. Најважниот зимски настан е годишнината од раѓањето на Ким Јонг-ил (17 декември). Западните влијанија, вклучително и божиќните обичаи, систематски се отстрануваат од јавниот живот.

Саудиска Арабија

Како родно место на исламот, Саудиска Арабија со децении имаше многу јасен став кон Божиќ: тој не е компатибилен со исламската доктрина. Со години јавните украси, божиќните елки и какви било видливи прослави биле строго забранети, а одбележувањето се сведувало на приватни простори и дипломатски кругови.


Во последните години се забележуваат поблаги поместувања, најмногу поради обидите за економска модернизација и отворање кон туризмот. Во некои луксузни хотели и трговски центри во поголемите градови денес може да се видат дискретни „сезонски“ украси – но без отворени верски симболи.

И понатаму е јасно дека тоа е исклучок, а не правило. Во саудиската култура главни празници остануваат Бајрам ал-Фитр и Бајрам ал-Адха, кога целата земја навистина влегува во празничен ритам.

Брунеј

Брунеј спроведува строга верзија на шеријатското право, кое силно го регулира јавниот простор. Иако немуслиманите смеат приватно да го слават Божиќ, сè што би можело да изгледа како „промовирање на друга религија“ меѓу муслиманите се смета за проблематично.


Во пракса тоа значи дека божиќните елки, светилките, јаслите, па дури и носењето капа на Дедо Мраз на јавни места може да резултира со високи парични казни. На компаниите им е забрането да ги рекламираат празниците, а властите јавно ги предупредуваат граѓаните да се воздржат дури и од божиќни честитки во јавниот простор.

Поради тоа, Божиќ во Брунеј е речиси целосно затворен во приватните домови и во кругот на немуслиманската заедница.

Сомалија

Сомалија, држава со мнозинско муслиманско население и сложена безбедносна ситуација, оди чекор понатаму: Божиќ е целосно забранет.

Причините се комбинација од верски идентитет и безбедносни процени – властите сметаат дека јавното одбележување на христијански празник би можело да поттикне тензии и да предизвика реакции од екстремистички групи.


Во земјата се забранети јавни украси, божиќни миси, па дури и вообичаени фрази како „Среќен Божиќ“. Фокусот е строго на исламските празници, а секое јавно изразување на друга вера се смета за предизвик за националното и верското единство.

Таџикистан

За разлика од претходните примери, Таџикистан формално не го забранил Божиќ, но властите активно го обесхрабруваат. Станува збор за дел од пошироката политика на ограничување на странското културно и верско влијание, паралелно со зајакнување на националниот идентитет.


Властите во повеќе наврати им препорачувале на училиштата и компаниите да не поставуваат украси и да не организираат прослави, а продажбата на божиќни елки и украси понекогаш е ограничена. Идејата не е сузбивање на приватната вера, туку спречување на јавното ширење на обичаи кои се доживуваат како „увозни“.

Наместо тоа, државата силно промовира традиционални прослави како Навруз (персиската Нова година), кој е еден од клучните празници во нивниот регион.