Германскиот геолог Јохан Клагес испратил порака во шише во Дрејковиот премин во февруари 2023 година, која била пронајдена повеќе од две години подоцна на западниот брег на Тасманија, објави Институтот „Алфред Вегенер“ (AWI).
Клагес го фрлил шишето со порака во вода за време на научна експедиција, сакајќи да им ја пренесе својата фасцинација со пораките во шишиња на своите деца, кои потоа го поминале Божиќ без него.
Тој бил информиран за наодот по е-пошта на 9 декември, откако претходно испратеното писмо било вратено како неиспорачано.

Пораката ја пронашол Тоби Реј, вработен во администрацијата на Тасманија, уште во август 2025 година, речиси случајно, на оддалечен и тешко достапен брег. По неуспешниот обид да го испрати писмото, Реј ја пронашол е-поштата на Клагес и го контактирал.
Според Институтот „Алфред Вегенер“, пораката во шишето има и научно значење.
Се смета дека шишето патувало околу Антарктикот во насока на стрелките на часовникот, следејќи ја антарктичката циркумполарна струја и патувало повеќе од 15.000 километри за максимум 900 дена.

Тасманскиот океанограф сега планира да го моделира движењето на шишето од циркумполарна струја до брегот на Тасманија, а Клагес веќе го контактирал.






