Австралиската музичка ѕвезда Кајли Миног ги одбележа изминатите децении во индустријата за забава со своите хитови, а се истакна и како една од најубавите жени на светската сцена.
Така е и до ден-денешен, кога Кајли има 57 години и во секоја прилика воодушевува со изгледот, а не крие како се негува за да го постигне тоа.
Како што истакнала пејачката, сето тоа, сепак, не е нејзина заслуга.
„Потребен е тим, можам да ви кажам. Не станувам ваква од кревет“, истакнала таа пред неколку години за „ITV“.
Сепак, нејзините принципи за нега се прилично едноставни. Миног се труди да се заштити од штетното дејство на УВ-зрачењето, кожата да ѝ биде чиста секогаш кога е можно, односно редовно ја отстранува шминката, а се консултира и со експерти.
„Моите совети би биле: заштита од сонце, чистење со ткаенина, како муслин… И секогаш ја отстранувам шминката. Поради работата се шминкам многу, многу долго време. И добар дерматолог, ако имате време да одите на третмани“ објаснила таа.
Кајли редовно користи благ хемиски пилинг, благодарение на кој редовно се ослободува од мртвите клетки на кожата, па тенот ѝ е блескав, а кожата подготвена подобро да ги апсорбира сите производи за нега. И не троши многу пари, бидејќи за тоа го користи „Alpha-H Micro Cleanse Super Scrub“, кој чини помалку од 50 долари, додека лицето го чисти со средството „Pond Cold Cream Cleanser“, за кое издвојува околу осум долари.
„Тоа е, всушност, сè што користам за да се грижам за својата кожа. Тоа се класици. Ги користи и мојата мајка и навистина делува, прави голема разлика“ раскажала пејачката.

Што се однесува до хидратацијата, Кајли потоа редовно нанесува и дневен крем со СПФ заштитен фактор, како и ноќен крем.
Пејачката, како што објаснила еднаш во интервју за „Good Housekeeping“, не се оптоварува со своите години, иако признала дека понекогаш се изненадува кога ќе сфати кој број стои покрај нејзиното име.
„Мора да го прифатите тоа, дури иако не ви е до тоа … Среќна сум што сè уште сум тука, така што сè е во ред“ рекла таа.