[ВИДЕО] Па, како ти успеа ова, мајсторе?! Казахстанец се заби во мега-елка па побегна

Точка

25/12/2025

20:31

594

Големина на фонт

а а а

Несреќата се случила околу три часот по полноќ, а возачот подоцна се оддалечил во за полицијата непознат правец.

Еден Казахстанец деновиве решил да ги тестира своите возачки „способности“ во центарот на градот Сарјагаш. Седнал во својата „Лада“ и нагазил на гасот …

Но, неговите возачки способности и не се баш на завидно ниво, бидејќи набрзо се заби во огромна божиќна елка висока 12 метри.

Несреќата се случила околу три часот наутро, по што возачот се оддалечил во непознат правец.

Сепак, по прегледот на снимките од надзорните камери, идентитетот на возачот бил откриен, а возилото веднаш му било запленето.

Изречена му е и парична казна, пренесува „Fox News“.

„Овие од ’Борат‘ баш и не знаат да возат“, „Можеби не ја видел елката“, „Јас би му ја одзел возачката засекогаш“, „Ова е кога аматери ќе помислат дека се професионалци“ – се редат коментарите на социјалните мрежи …