За многумина, завиткувањето божиќни подароци е мала ноќна мора: часови поминати на подот, хартија што постојано се лизга, селотејп што исчезнува во клучен момент и болки во грбот како неизбежен дел од празничната рутина. Но, една мајка на социјалните мрежи сподели едноставен, а генијален трик кој за рекордно време стана вирален – и веќе многумина го нарекуваат најдобар совет за 2025 година.
Во кратко видео, Клер Ли покажа како од неколку сосема обични предмети од дома можете да направите совршена мини-работилница за замотување подароци. Сè што ви е потребно се: метла, две закачалки и даска за пеглање.
Постапката е изненадувачки едноставна. Клер провлекува една закачалка низ дупката на даската за пеглање, потоа низ неа ја поминува и рачката од метлата. На метлата ја поставува ролната со украсна хартија, а со втората закачалка сè дополнително го прицврстува од другата страна на даската.
На тој начин добива практичен држач за хартија што овозможува лесно и рамномерно одмотување – без гужвање, лизгање или непотребно тегнење. Ножиците и држачот за леплива лента ги поставува на дофат на рака, а целиот систем го прилагодува според сопствените потреби.
„Уште една супер работа е што даските за пеглање се прилагодливи по висина, па можам и да седам додека ги замотувам подароците. Зар не е ова одлично?“, вели Клер во видеото, покажувајќи како целиот процес може да се одвива удобно – без наведнување и без болки во грбот.
Видеото објавено на ТикТок профилот @claire.lee44 експресно стана вирално, а коментарите на воодушевување само се редат. „Оваа жена заслужува медал!“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Ова мора да е највиралното видео на 2025 година“. Трет коментар гласи: „Конечно вистинска намена за мојата даска за пеглање“.
Ако досега замотувањето подароци ви предизвикуваше стрес – можеби навистина е време да го испробате трикот што го освои интернетот.








