Тие ги одбележаа 90-те години кога станува збор за модата. Во тоа време, моделите Кејт Мос, Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Еванџелиста, Клаудија Шифер и други заедно го создадоа имиџот на најголемите модни брендови.
За помалку од 10.000 долари не стануваа од кревет, а сите врати им беа широко отворени.
Овие прекрасни жени денес се во своите педесетти години, а повеќето од нив станаа мајки. Нивните наследници денес веќе се возрасни, а некои тргнаа по стапките на своите мајки. Повеќето се исклучително успешни во бизнисот и веќе имаат милиони на своите сметки.
Синди Крафорд
Децата на моделот Синди Крафорд се медиумски најекспонираните деца на супермодели, а голема причина за тоа е фактот што решија да тргнат по стапките на својата мајка. Имено, таа по пропаднатиот брак со Ричард Гир се омажи за претприемачот и поранешен модел Ренди Гербер, со кого доби две деца – синот Присли Вокер и ќерката Каја Џордан.

Додека 24-годишната Каја веќе ја покори модната писта и со изгледот неодоливо потсетува на мајка си, нејзиниот две години постар брат полека гради репутација на „лошо момче“.
Кејт Мос
Таа дефинитивно е најпознатиот супермодел во историјата, а се чини дека по нејзините стапки тргна и нејзината ќерка Лила Грејс Мос Хек, која се наоѓа на листата модели во „Kate Moss Agency“.
Кејт ја доби ќерката во долгогодишната врска со Џеферсон Хек, уредникот на списанието „Dazed & Confused“, со кого и по разделбата остана во добри односи.

Иако има само 22 години, Лила уште сега ја пишува својата модна историја, и тоа преку смели модни комбинации кои со задоволство ги избира за големите настани.
Клаудија Шифер
Клементин Вон, постарата ќерка на Клаудија Шифер, една од најдобрите супермодели на сите времиња, израсна во неверојатна убавица. Со својот сексапил ѝ парира и на славната мајка, иако не тргна по нејзините стапки и не се насочи кон манекенска кариера. Сепак, го пронајде своето место на јавната сцена – таа е инфлуенсерка, а повремено работи и како фото-модел за луксузни брендови.

Клаудија Шифер од 2002 година е во среќен брак со британскиот режисер Метју Вон, а парот има три деца – синот Каспер (21), споменатата ќерка Клементин и најмладата Козима (14). Засега, токму убавата Клементин е најактивна во светот на шоубизнисот.
Линда Еванџелиста
Синот Огистен е круна на кратката љубовна приказна со Франсоа-Анри Пино, директор на конгломератот „Kering“ и сопруг на Салма Хајек.
Огистен Џејмс Еванџелиста во октомври го прослави својот 18-ти роденден. Неговиот живот беше мистерија речиси од самиот ден на раѓање, на што инсистираше самата Линда, која стана мајка на 41-годишна возраст, по бројни обиди да се оствари во таа улога.

Кога во средината на 2006 година се дозна дека е бремена, направи сè идентитетот на таткото да остане во папката „строго доверливо“. Се шпекулираше дека станува збор за мистериозен архитект со кого била забележувана, но на крајот се откри дека татко е францускиот милијардер Франсоа-Анри Пино, претседател на групацијата во чие сопствеништво се бројни луксузни брендови.
Наоми Кембел
Во мај 2021 година, Наоми на „Инстаграм“ објави дека за првпат стана мајка. Лицето на своето бебе го откри дури во февруари наредната година, со впечатлива фотографија на насловната страница на британскиот „Vogue“ во март.

Хелена Кристенсен
Данскиот супермодел Хелена Кристенсен е мајка на Мингус Лусиен Ридус, кого го доби во петгодишниот брак со актерот Норман Ридус. И покрај разделбата, парот остана во блиски односи.
Судејќи според фотографиите што Хелена ги споделува со своите следбеници на социјалните мрежи, Мингус е вистинска слика и прилика на својата мајка.











