Жената која е „алергична на зима“ ги откри симптомите со кои се бори

Точка

25/12/2025

13:12

392

Големина на фонт

а а а

Британката Кирстен Еванс (41) во последните десет месеци се бори со ретко хронично кожно заболување поради кое, во суштина е „алергична на зима“, а за своите симптоми зборувала во емисијата „This Morning“ на „ITV“.

Сè започнало во февруари оваа година, кога 41-годишната жена почувствувала силна болка откако ги однела децата на училиште. Набрзо забележала осип по целото тело, што првично го препишала на стресот поради враќањето на работа по породилното отсуство. Меѓутоа, по шест недели непрекинат осип на лицето, вратот и стомакот, како и чувство дека „гори“, побарала лекарска помош, а лекарот веднаш ја упатил кај алерголог. Наскоро, нејзината состојба добила и име: уртикарија предизвикана од студ (CU).

Што е уртикарија предизвикана од студ?

„Cleveland Clinic“ ја опишува „CU“ како алергиска реакција на ниски температури, до која доаѓа кога студените надразнувачи предизвикуваат ослободување на хистамин и други воспалителни супстанции од клетките во кожата. Тригери може да бидат јадење или пиење нешто ладно, пливање во посвежа вода или само прошетка на отворено.


Иако понекогаш е наследна, оваа болест може да го погоди секого, дури иако нема семејна историја. Често е поврзана со други здравствени состојби, како што се рак на крвта, автоимуни болести и вирусни инфекции. Според податоците на Американската академија за алергија, астма и имунологија (AAAAI), присутна е кај приближно шест од 10.000 луѓе.

Борба со симптомите

Како што објаснила Еванс, главниот симптом е кожен осип кој може да се манифестира како копривница (уртикарија), испакнатини или плускавци, а честопати проследено со исклучително чешање, црвенло и отеченост. Други симптоми вклучуваат замор, треска, болки во зглобовите и главоболки, додека лицата со потежок облик можат да искусат срцебиење, недостиг на воздух и несвестица.

За да се бори со својата состојба, Еванс секојдневно мора да зема четири таблети антихистаминици. Сепак, оваа мајка на три деца им признала на водителите Дермот О’Лири и Оливија Атвуд-Дак дека лекот само „делумно“ ги држи нејзините симптоми под контрола.


„Минатата недела ги зедов моите четири антихистаминици и сепак ми изби осип пред крајот на попладнето“, признала таа.

„Значи, кај мене проблемот е долготрајната изложеност. Мислам дека таблетите делуваат при краткотрајна изложеност, но при долготрајна не се ефикасни“, додала таа.

Постојат ли други начини на лекување?

„Cleveland Clinic“ наведува дека постојат и други форми на лекување, вклучувајќи инјекции со епинефрин, кои можат да ги забават тешките алергиски реакции, инјекција со омализумаб и антибиотици. Десензибилизацијата, која подразбира постепено изложување на телото на сè постудени температури, исто така може да помогне.

„Десензибилизацијата може да му помогне на вашето тело да се приспособи и да ги контролира своите реакции на студ. Но, не го правете тоа без претходен разговор со здравствен работник“, нагласуваат експертите.