Барселона остана и без услугите на Андреас Кристенсен што е нов удар кога е во прашање дефанзивната линија и токму поради тоа се бара решение, нов играч во зимскиот преоден рок.
Данецот ќе биде во аут неколку месеци, а ако на ова се додаде неизвесноста околу Роналд Араухо, претходно и заминувањето на Ињиго Мартинез повеќе од јасно е дека тренерот Ханси Флик нема доволно опции во одбраната.
Барса се уште има проблеми на финансиски план и нема да биде лесно да се повлече некој екстра потег, но има неколку опции од Ла Лига и странство за кои пренесува Мундо Депортиво.
Кога е во прашање Шпанија се споменуваат Луис Фелипе од Рајо Валјекано, Диего Љоренте од Бетис и Хуан Фојт од Вилјареал. Кога пак се работи за алтернативите во Европа, тука се Николас Отаменди од Бенфика, Маркос Сенеси од Борнмут, Стефан Де Фрај од Интер и Диого Леита од Унион Берлин.







