[ВИДЕО/ФОТО] Светски, а наш: Надалеку почитуваниот Ивица Јаковлевски одбележа 10 години успешна кошаркарска програма

Точка

23/12/2025

17:42

1.185

Големина на фонт

а а а

Ивица Јаковлевски, еден од пионерите на skill development basketball тренингот по NBA методи во регионот, свечено одбележа 10 години од постоењето на својата програма на настан одржан во хотел „Александар Палас“ во Скопје.

Настанот собра бројни гости од спортскиот и општествениот живот, истакнати кошаркарски тренери, поранешни и актуелни соработници, како и пријатели кои во изминатата деценија биле дел од неговиот професионален развој. Присуството на голем број релевантни имиња од кошаркарската сцена беше уште една потврда за угледот што Јаковлевски го има, како во земјава, така и во странство.


Јаковлевски важи за еден од првите тренери во регионот кој воведе систематски индивидуален развој на кошаркари по современи NBA методи. Неговата програма, покрај техничко-тактичка подготовка, е фокусирана и на развој на дисциплина, ментална подготвеност, самодоверба и професионален пристап кај младите играчи.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Со континуирана едукација и постојано усовршување, Ивица Јаковлевски изминатите десет години изгради препознатлив тренерски бренд и се позиционира како респектиран pro development basketball trainer, чија работа е препознаена и надвор од границите на Македонија.


Одбележувањето на јубилејот претставуваше не само прослава на десетгодишната работа и резултати, туку и потврда дека македонска спортска приказна може да има меѓународен дострел.