Рашфорд за неговата иднина: Тоа е крајната цел, сакам да…

Дерби

24/12/2025

12:51

283

Големина на фонт

а а а

Маркус Рашфорд и оваа сезона ја минува надвор од „Олд Трафорд“ и Манчестер Јунајтед, клуб со кој има договор до 30 јуни 2028 година.

Тој во тековнава кампања е позајмен во шпанскиот првак Барселона каде низ изминативе месеци остави добар впечаток и на 24 натпревари има учинок од 7 погодоци и 11 асистенции.

Останува отворено прашањетоо дали шпанскиот првак ќе го откупи неговиот договор, опција која е активна и на која Маркус дефинитивно се надева.

- Се прилагодувам навистина добро во клубот и во градот. Од моментот кога пристигнав, се чувствував многу добредојден. За мене, причината зошто сум тука е да му помогнам на тимот да освои трофеи; минатата сезона беше фантастична, но животот се движи многу брзо, работите се менуваат, а целта е да се повторат тие успеси. Целосно сум фокусиран на тоа. Сè беше фантастично со стручниот штаб и моите соиграчи; немам никакви поплаки.

- Секако, она што го сакам е да останам во Барса. Тоа е крајната цел, но тоа не е причината зошто тренирам напорно и давам сè од себе. Целта е да победувам. Барса е огромен, фантастичен клуб, изграден за освојување титули, - вели Маркус кој говореше и за притисокот.

- Тука има притисок, но тоа не е негативен притисок; тоа е оној вид што го посакуваш како играч, оној што го сакам и отсекогаш сум го сакал како фудбалер. Не можам да бидам на место каде што нема големи очекувања; за мене е потешко да останам мотивиран и да дадам се од себе во клуб каде што барањата не се на својот врв. Се наоѓам на совршено место и средина за да го продолжам моето патување како фудбалер, па затоа само се обидувам да го дадам се од себе секој ден и да му помогнам на тимот да победи. Ќе видиме што ќе се случи следното лето, - заклучи англискиот репрезентативец.