[ВИДЕО] Седлоски откри која е неговата визија за македонската репрезентација: Сакам тим што ќе се бори…

Дерби

23/12/2025

13:30

397

Големина на фонт

а а а

Гоце Седлоски и официјално беше претставен како селектор на македонската А фудбалска репрезентација, стратег кој доаѓа на местото на Благоја Милевски.

Македонската фудбалска легенда добива шанса да го води националниот тим, состав кого еднаш го има предводено како в.д. селектор против Литванија (2012 година) со тоа што сега има чист мандат, чиста ситуација без дополнителни точки и запирки.

Тој на денешниот прес веќе и најави како ќе игра Македонија под негово водство, а воедно порача дека во селекцијата ќе има место само за најдобрите.

- Пред сè сакам да се заблагодарам на ФФМ за укажаната доверба да бидам селектор на националниот тим на Македонија. За мене ова е голема чест и најголема одговорност во кариерата. Свесен сум за очекувањата и за потенцијалот што го поседува репрезентацијата.

- Моја цел е да изградиме систем и селекција што ќе се бори за секоја топка и ќе го дава максимумот. Свесен сум дека во некои мечеви нема да сме фаворити, но тоа не може да ни го одземе правото да се бориме. Од тимот ќе барам максимален ангажман, храброст и желба за секој меч, сакам да видам тим кој ќе се бори до последна минута и нема да се откажува. Верувам во квалитетот на фудбалерите, во желбата да го носат македонскиот дрес и достојно да ја претставуваат Македонија, - порача Седлоски кој на новата позиција ќе дебитира во баражот со Данска за пласман на СП.