Што се случува во организмот кога ќе изедете една лута пиперка: Не можете ни да претпоставите за што сè е корисна

Точка

23/12/2025

16:11

816

Големина на фонт

а а а

Неколку студии покажаа дека консумирањето лути пиперки е исклучително здраво. Додека една група луѓе ја обожава лутата храна, друга ја избегнува во широк лак. Во продолжение – како таа делува врз нашиот организам.

Лутата пиперка, благодарение на својата уникатна состојка капсаицин, помага во проширување на крвните садови, со што се подобрува циркулацијата и прокрвеноста на мозокот. Капсаицинот го зајакнува имуниот систем и му помага на телото во борбата против различни болести.

Сигурно ви е добро познато чувството кога по јадење лута пиперка лицето брзо ви се зацрвенува, а често започнувате и да се потите. Сето тоа е знак дека крвните садови се прошириле и дека протокот на крв се зголемува.

Постојат индикации дека, доколку редовно се консумира, лутата пиперка може да помогне мозокот да остане млад и здрав. Таа ја „буди“ циркулацијата и го активира организмот. По нејзиното консумирање, крвта побрзо циркулира низ целото тело, а подобрената циркулација значи дека повеќе кислород и хранливи материи стигнуваат до мозочното ткиво.

Кога мозочните клетки се добро нахранети, тие функционираат подобро, со што потенцијално се намалува ризикот од мозочни проблеми како губење на меморијата и деменција.

Исто така, бројни студии од Кина тврдат дека луѓето кои јадат лути пиперки неколку пати неделно живеат подолго од оние кои ги избегнуваат лутите зачини.


Чистење на крвните садови

Лутата пиперка не само што ја поттикнува циркулацијата, туку помага и во „чистењето“ на крвните садови. Кога садовите се проширени, крвта полесно тече и со себе ги носи штетните наслаги кои можат да ја попречат нормалната циркулација.

Може да спречи нагло зголемување на шеќерот во крвта

Секојпат кога јадеме храна што содржи јаглехидрати, нивото на шеќер во крвта се менува. Сепак, додавањето лута пиперка во оброкот може да спречи нагло зголемување на шеќерот во крвта, покажало едно истражување на нутриционисти пред околу десет години. Ова се покажало особено ефикасно кај пациенти со дијабетес тип „2“.


Сојузник во слабеењето

Секако, физичката активност и правилната исхрана играат клучна улога во губењето на килограмите, но лутите зачини во исхраната можат значително да го забрзаат процесот.

Истражувањата покажуваат дека при консумирање лута храна телесната температура се зголемува, што го стимулира метаболизмот и го зголемува согорувањето на мастите и до 16 проценти. Како резултат, телото побрзо согорува калории.

Според мета-анализа на 90 различни студии, кои ја разгледувале улогата на капсаицинот во контролата и регулацијата на телесната тежина, лутата храна го намалува апетитот и ја зголемува потрошувачката на енергија. Затоа е корисно да се консумира при редукциски режим на исхрана, но исклучиво во умерени количини.


Дали лутото може да предизвика чир?

Мислењата на оваа тема се поделени. Некои лекари, како гастроентерологот д-р Едвин К. Мекдоналд од Чикаго, не само што тврдат дека зачинетата храна не предизвикува чир, туку дека може и да помогне.

„Често дијагностицирам чир кај луѓе, а тие најчесто ја обвинуваат лутата храна. Во исто време, го игнорираат фактот дека редовно земаат лекови како ибупрофен или дека можеби имаат „Helicobacter pylori“, бактерија која е еден од најчестите причинители на чир – вели д-р Мекдоналд.

Кога е неопходно да се избегнува лутата храна?

Кај одредени лица, консумирањето лута храна може да предизвика болки во стомакот, а бројни студии потврдуваат дека може да создаде проблеми кај луѓе со диспепсија, односно отежнато варење. Истото важи и за лица кои страдаат од синдром на иритабилно црево („IBS“).

Едно истражување покажало дека оние кои консумираат лута храна неумерено, или до 10 пати неделно, имаат 92 проценти поголеми шанси да развијат „IBS“ во споредба со оние кои никогаш не ја консумираат – и тоа и кај жените и кај мажите.

Лицата со воспалителни болести на цревата, како Кронова болест или улцерозен колитис, исто така треба да ја избегнуваат оваа храна.