[ФОТО] Погледнете како изгледа новогодишната декорација во европската престолнина каде што во декември е +20 Целзиусови: Можеби е кич, но не е мизерна

Точка

23/12/2025

14:08

770

Големина на фонт

а а а

„Малта можеби не е прв избор за празничен одмор, но минатиот викенд се најдов таму, токму пред новогодишните празници. Беше сончево, +20 степени среде декември и чудно ми беше да шетам во капут – додека некои дечиња се капеа во морето. Да, на Малта зимата е доста блага, температурите дури и во најстудениот период ретко паѓаат под 10 степени, а снег практично нема. Сепак, тоа не им пречи да уживаат во зимските магии до максимум“, пишува Ана Калаба, пренесува Нова.рс.

„Така, пред градските врати на Валета, кај познатата фонтанa на Тритон, е поставен голем празничен саем со големо панорамско тркало и рингишпил, тезги со локални специјалитети, ракотворби и блескави украси во различни форми (кои веројатно служат само за фотографирање), а во близина е затворено лизгалиште и забавен парк.


Сето тоа не изгледа особено усогласено и секако е далеку од шармантните божиќни пазари кои сум ги гледала во постудените делови на Европа, но изгледа дека е прилично забавно за најмалите.

Сепак, новогодишната елка, сместена на самиот влез на стариот град, изгледа многу традиционално и раскошно украсена со црвени, бели и златни украси.


Зад неа се отвора лавиринт од улички во кои не знам дали видов две со иста декорација, мотиви, па дури ни со исти бои. Златни ангели со сини крила, црвени венчиња, сини паднати ѕвезди, бели пеперутки, знамиња, цвеќе… Сè е шарено, на таа жолткаста подлога на ѕидините на Валета. Некои ќе речат кич, но сигурно е многу посвечено и поживо од центарот на Белград каде шарените ламбички на тие жални чадори едвај пробиваат низ маглата.


Впрочем, таму е сосема поинаква атмосфера, меѓу другото и затоа што е необично топло за нашето разбирање на празничната сезона. Затоа некои улици повеќе ми делуваа како средени за летен фестивал, со розови лампички и балони и луѓе во летна облека, кои танцуваат, шетаат, седат на перници по скалите… Ми се допадна тоа.

Малта можеби нема зима која би ѝ донела романтични снегулки и веројатно со никаква декорација не би можела да се спореди со Австрија или Франција, но од она што го има – прави журка и слави по свој стил, со многу бои, многу блескави форми, украсени палми и мандаринови дрвца.“


За повеќе „зимски магии“ на Малта, следете ја страницата „Putničarenje“ на Инстаграм.