Фердинанд не и верува на ѕвездата на Арсенал: Погрешни зборови…

Дерби

23/12/2025

12:42

162

Големина на фонт

а а а

Арсенал го дочекува Божиќ на првото место на табелата што секако е позитивна вест за клубот од северен Лондон, но ако во одреден моменти имаше солидна предност во однос на конкурентите, сега истата е само два бода и тоа од Манчестер Сити.

Засега „топчиите“ тврдат дека нема никаква паника и покрај тоа што Сити влезе во одличен ритам и бележи победи, но Рио Фердинанд премногу не им верува и имаше што да каже за ставот на Букајо Сака дека тие иимаат се под контрола.

- Вие [Арсенал] сте биле тука и претходно и сте се распаднале! Сте биле тука и претходно и сте го виделе вашиот тим како се распаѓа. Затоа чувствувам дека Сака не може навистина, искрено да стои таму и да вели: „Ние имаме се под контрола“… не кога го имате тој ѕвер Сити наоколу.

- Само неколку минути претходно, тие беа на врвот на лигата, над вас. Овој тим освои четири трофеи во низа кога вие седевте таму и игравте. Ја водевте лигата со месеци и го гледавте овој тим како се појавува од никаде и ве совладува. Значи, да се чувствувате дека имате контрола во моментов, со оглед на тоа низ што поминавте со нив и болката што ви ја нанесоа, мислам дека тоа се веројатно погрешни зборови. Всушност се надевам дека тој [Сака] е во право, се надевам дека имаат контрола и дека размислуваат така. Јас мислам, - велии Рио и додава:

- Во моментот кога Сити го доби натпреварот со 3-0, веднаш чувствувате дека Арсенал чувствува: „Во моментов немаме контрола, треба да се обидеме да вратиме контрола, некаков вид контрола. Тие [Арсенал] имаат некаков вид контрола, но мислам дека Букајо, сите играчи кои се вклучени во оваа ситуација, сите знаат дека во моментов е се наопаку, промената на моментумот ќе се случува до крајот на сезоната.

- И двата тима сега се во добра форма, Сити влезе во форма и постигнува голови со лудо темпо, [Ерлинг] Халанд повторно се обидува да собори нови рекорди, нема да биде лесно. Значи, зборот контрола во однос на трката за титулата, за кој било тим сега, не мислам дека може да се каже.

- Најголемата работа што ја имаат е што [Арсенал] изгледа дека можат да контролираат натпревари. Тоа е она што е подобро, - заклучи Фердинанд.