Стивен Џерард е едно од најголемите имиња во историјата на Ливерпул и тоа во она поновата во 21 век каде како лидер, борец, капитен му донесе успеси на тимот во европските натпреварувања, но и куповите во Англија.
„Црвените“ немаа моќен состав како овој денешниот, да имаат моќ, сила да се расфрлаат со толку пари, ама тоа беше еден компактен состав во кој Стиви-Џи беше на врвот и секогаш го давата максумумот, па затоа денеска е миленик на навивачите и има статус на легенда.
Многумина сметаа и дека Џерард досега ќе биде тренер на англискиот великан, меѓутоа овој дел од кариерата не се одвива баш во посакуваниот правец, но тој е подготвен да помогне ако е потребно иако самиот порачува дека се надева дека Арне Слот ќе ја сврти ситуацијата и Ливерпул ќе се врати на посакуваните победнички патеки.
-Ќе бидам брутално, брутално искрен со тебе. Би му помогнал на Ливерпул во кој било оддел, во секој момент од денот. Би им помогнал во сè. Не сакам Арне Слот да ја изгуби работата. Сакам да го поправи ова и да го сврти и да го направи Ливерпул одличен. Скокав низ целиот град пред четири или пет месеци кога Ливерпул ја освои лигата.
-Јас сум навивач на Ливерпул. Сакам најдоброто за Ливерпул. Но, ако Ливерпул има потреба од мене во кој било оддел во кое било време, ќе бидам тука за нив, -порача легендата на клубот од „Енфилд Роуд“.





