[ФОТО] Долниот дел од фотографиите е чиста магија: Доколку Коко Шанел би ги видела панталоните на шпанската кралица, само би воздивнала

Точка

20/12/2025

13:46

1.049

Големина на фонт

а а а

Летиција од Шпанија е жена која инспирира ден по ден со своите модни изданија, а нејзиниот вчерашен стајлинг е хит. Ако постојат совршени зимска панталони тогаш овие кои ги носи кралицата се совршен избор.

Каде и да се појави шпанската кралица Летиција, веќе знаеме дека ќе биде најдобро облечената личност во просторијата, иако не игра на сигурно и обожава да експериментира со својата стара облека.


Тоа било случај и на вчерашната конвенција на „NAOS“, кога кралицата на Шпанија ги доделила наградите за стратегија на „NAOS“ во Шпанската агенција за безбедност на храната и исхрана („AESAN“) во Мадрид.

Сопругата на кралот Фелипе VI пристигнала во софистицирано модно издание, кое се состоело од класично, црно сако и панталони кои се многу едноставни и ефективни.


Ова се елегантни панталони од твид од „Маџе“, парче инспирирано од класичните парчиња од британската мода во деведесеттите години, чии корени датираат од Коко Шанел. 

Станува збор за темнозелени панталони исткаени со малку посветли зелени конци, кои имаат широки ногавици и висок струк и изгледаат многу елегантно.


Иако многу елегантна, кралицата Летиција ја омекнала оваа комбинација со тенок црн кашмирски џемпер од брендот „Фалконери“, а посебно изненадување се мокасините со блок-штикли од „Масимо Дути“.