Соиграчот на Модриќ ја паузираше кариерата за да биде покрај болната сопруга, а таа – го изневери

Точка

17/12/2025

19:14

895

Големина на фонт

а а а

„Кога игравме заедно, го задевав, му велев дека никогаш не излегува од дома, не пие и слично, а јас пиев и јадев, што и се гледа по мене. Имам 20 килограми плус, а тој сè уште игра на високо ниво! Многу го почитувам“, изјави пред две години Ван дер Варт за Модриќ.

Рафаел ван дер Варт (42) остави длабока трага во европскиот фудбал како еден од најталентираните холандски играчи за врска од својата генерација. Кариерата ја започна во Ајакс, каде што уште многу млад стана капитен, а потоа ги носеше дресовите на големи клубови како Хамбургер, Реал Мадрид, Тотенхем и Бетис. Особено беше обожуван во Премиер лигата, каде што во дресот на Тотенхем важеше за една од најголемите ѕвезди на тимот.


Во Лондон пристигна летото 2010 година од Реал Мадрид, а таму ја делеше соблекувалната со Лука Модриќ, кој тогаш веќе две сезони беше член на „Спарси“. Двајцата заедно поминаа две години, сè до 2012 година, кога Ван дер Варт се врати во Хамбургер, додека Модриќ неколку дена претходно потпиша за „Real Madrid“. Иако во тој период во „Tottenham“ Ван дер Варт имаше поголем статус на ѕвезда, често јавно ја истакнуваше важноста на Модриќ за екипата и го бранеше во моментите кога Хрватот во Мадрид беше пречекан со одредена скепса.


„Кога игравме заедно, го задевав, му велев дека никогаш не излегува од дома, не пие и слично, а јас пиев и јадев, што и се гледа по мене. Имам 20 килограми вишок, а тој сè уште игра на високо ниво! Многу го почитувам“, рече Ван дер Варт пред две години за Модриќ.


Но, Ван дер Варт немаше бурен само фудбалски, туку и приватен живот. Тој беше во брак со Силви Мајс (47), холандска водителка и манекенка. Со Ван дер Варт беше во брак од 2005 година, а медиумите брзо им го доделија прекарот „новите Бекамови“. Рафаел беше покрај неа во најтешкиот период од нејзиниот живот. Имено, таа имала рак на дојка, поради што фудбалерот одлучил да ја паузира својата кариера и целосно да се посвети на грижата за сопругата.


Сепак, само една година откако ја добила битката за живот и го победила карциномот, фудбалерот открил дека сопругата го изневерува со пилот. Таа подоцна тоа јавно го признала, а бракот се распаднал откако Рафаел ја удрил пред гости.