Расплаканиот Вембењама го напушти пресот со солзи: Денеска загубив важен член од семејството

Дерби

17/12/2025

14:24

286

Големина на фонт

а а а

Сан Антонио дозволи пресврт на Њујорк и загуби во големото финале во НБА Купот, натпревар на кој спарси не може да се потпрат на најдобрата верзија на Виктор Вембењама.

Младата француска ѕвезда не беше на свое ниво и тоа можеше да се забележи во текот на мечот, но подоцна се дозна дека Виктор направил неверојатна работа со самото појавување на теренот.

Американските новинари не можеа докрај да му постават прашања на Вембењама на стандардниот прес по натпреварите, бидејќи Вембењама беше навистина потресен од голема загуба во неговото семејство.

– Извинете момци, денеска загубив важен човек……, – изјави расплаканиот Вембењама пред да го напушти пресот.

Како што јавуваат американските медиуми, Виктор непосредно пред мечот ја дознал веста за смртта на неговата баба, а тоа секако е вест која не може да остави никого рамнодушен.