Атаман доживеа срамни сцени во својата Турција: 10 илјади необразовани луѓе…

Дерби

17/12/2025

12:31

183

Големина на фонт

а а а

Ергин Атаман успешно го води Панатинаикос и грчкиот великан повторно е меѓу главните фаворити за трофејот во Евролигата, но и покрај тоа што ужива и статус на турски селектор, тој не е баш омилен во еден дел од Истанбул.

Доказ за тоа беше вчерашниот натпревар меѓу Фенербахче и ПАО во Евролигата, на кој гостинскиот тренер мораше да се соочува со непријатна сцени кои направија победата да биде уште послатка за него.

– Не разбирам зошто, но 10 илјади необразовани навивачи на Фенербахче почна да скандира и да ја навредува мојата 88-годишна мајка која е и тоа како образована.

– Откако се случи тоа, Бог ни помогна и нашите играчи почнаа да гаѓаат тројки и шутеви од сите страни, почнавме да играме агресивно во одбра.а

– Бог ни помогна и дадовме вистински одговор онаму кадешто треба, а тоа е теренот. Навистина жалам за скандирањата на тие необразовани луѓе, – изјави Атаман.