[ФОТО] Вдовицата на Синиша Михајловиќ сподели емотивна порака на годишнината од неговата смрт: „Не плачете поради неговото отсуство“

Точка

16/12/2025

20:28

613

Големина на фонт

а а а

Синиша Михајловиќ почина во 2022 година, токму на 16-ти декември. А дека сеќавањата на легендарниот фудбалер не бледнеат, уште еднаш покажа и неговата сопруга Аријана, која на својот Инстаграм профил сподели една од фотографиите со сопругот, со многу краток, но исклучително емотивен опис.

Михајловиќ пред три години ја загуби битката со леукемијата, а и денес навивачите на клубовите во кои остави длабока трага со почит и љубов се сеќаваат на него. Неодамна, на натпреварот помеѓу Лацио и Болоња, со транспарент беше изразена тагата поради прераното заминување на поранешниот фудбалер, а токму на годишнината од неговата смрт, сопругата Аријана сподели неколку реченици како опис на фотографијата со Синиша.


„Не плачете поради неговото отсуство, чувствувајте го блиску и продолжете да му зборувате. Ќе ве сака од небото како што ве сакаше на земјата. Денес се три години без тебе, љубов моја“, накратко напиша Аријана, додавајќи и неколку срца во објавата.

На споменатиот натпревар, сите можеа да ја видат болката на сопругата на поранешниот фудбалер. Аријана го држеше транспарентот додека очите ѝ беа исполнети со солзи поради огромната загуба. До неа, рамо до рамо, стоеја и Душан, Николас и Викторија, кои беа поздравени со овации од 40.000 навивачи.