[ФОТО] Која е вереницата на Доналд Трамп Јуниор? Нејзиниот татко е богат банкар од Флорида

Точка

16/12/2025

14:44

1.005

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп Јуниор (47), најстарото дете на претседателот Доналд Трамп, се верил со својата девојка Бетина Андерсон.

Веста вчера, на 15 декември, ја објави самиот претседател во Белата куќа, по што Трамп Јуниор со радост потврди дека Андерсон прифатила.


Среќните вести беа објавени на забава

По објавата, Андерсон изјавила дека е голема привилегија да се биде во Белата куќа и ја пофалила првата дама Меланија Трамп за празничната декорација. Оваа недела ја нарекла „најневеројатната недела во својот живот“, а за Трамп Јуниор кажала дека е „љубовта на нејзиниот живот“. Додала и дека се чувствува како „најсреќната девојка на светот“, што било проследено со аплауз од присутните.


Која е Бетина Андерсон?

Андерсон и Доналд Трамп Јуниор првпат биле забележани заедно во јавност во декември 2024 година, додека тој сè уште бил верен со Кимберли Гилфојл, сегашната американска амбасадорка во Грција. Таа веридба била раскината истата година.

Бетина Андерсон е позната припадничка на високото општество од Флорида, родена во декември 1986 година. Таа е ќерка на претприемачот и богат банкар Хари Лој Андерсон Јуниор и филантропката Ингер Андерсон. Пораснала во Палм Бич, Флорида, каде, според пишувањата на списанието „People“ од јули оваа година, и живеела.


Нејзиниот татко на 26 години станал претседател на банката „Worth Avenue National Bank“, со што станал најмладата личност на чело на национална банка во државата. За својата мајка, Андерсон во 2022 година за „Fashion Week Daily“ изјавила дека ѝ била „отсекогаш инспирација“.

Дипломирала во 2009, основала компанија, се занимава и со моделинг...

Според нејзиниот „LinkedIn“ профил, Андерсон во 2009 година дипломирала уметничка историја, критика и конзервација на Универзитетот Колумбија. Во описот на профилот стои: „Искусна директорка за развој на бизнис со докажана историја на работа во фармацевтската индустрија. Вешта во продажба, истражување на пазарот, менаџмент, продажни презентации и филантропија“. Се наведува и дека е основачка и извршна директорка на компанијата „BAE Ventures LLC“.


Според нејзините објави на Инстаграм, Андерсон се занимава и со моделинг. Се појавила на насловната страница на списанието „Quest“ во 2020 година и снимила кампања за „Hamilton Jewelers“. „Palm Beach Illustrated“ ја претставил во 2021 година како „локална инфлуенсерка“. Заедно со своите браќа, основала и непрофитна организација „The Paradise Fund“, која помага организации за ублажување на последиците од катастрофи.