Драган Максимовиќ оствари повеќе од 60 улоги во театар, на филм и телевизија. Дебитираше во Народниот театар во Белград со улогата на Војник во претставата „Majka Hrabrost i njena deca“ во 1971 година.
Во текот на три децении на сцените на овој театар, оствари забележителни улоги во многу легендарни претстави.
Играше и во телевизиски серии како “Otpisani”, “Duvanski put”, “Priče iz majstorske radionice”, “Četrdeset osma – Zavera i izdaja”, “Otvorena vrata”, “Gore dole”…
Трагичен крај на ѕвездата
Ниту по 25 години од смртоносното претепување на Драган Максимовиќ, полицијата не успеа да ги идентификува напаѓачите кои таа кобна вечер, на 17-ти ноември 2000 година, го нападнале актерот во центарот на Белград. Според зборовите на пријателите кои го посетувале во болница, бил претепан затоа што хулиганите мислеле дека е Ром поради потемниот тен.

Наводно, го претепала група скинхедси, поврзани со групите „Крв и чест“ и навивачката „Јунајтед форс“. Неофицијално, тоа била група млади луѓе, лути поради изгубен натпревар. Кој и да бил мотивот, едно е сигурно – тие едноставно биле желни за насилство!
Сè се случило пред очите на многубројни минувачи и гости на ресторани кои токму во тој момент решиле да ја свртат главата и да не помогнат.
Три месеци подоцна паѓа во кома од која никогаш не се разбуди. Почина на 4-ти февруари 2001 година. Драган Максимовиќ почина од последици од претепувањето, три дена пред својот 52-ри роденден. Виновниците за неговата прерана смрт до денес не се уапсени.

Актерот до последен момент одбивал да ги идентификува напаѓачите, барајќи „овие млади луѓе да не се апсат“, па момците кои се одговорни за неговата смрт до денес не се идентификувани.
Никогаш разјаснето убиство
Иако случајот официјално и понатаму е отворен, пријателите и почитувачите на Макс одамна се сомневаат дека некогаш ќе добијат епилог на оваа тажна приказна.
Сè што денес потсетува на трагичниот крај на актерот е спомен-плочата на Зелен венец, поставена на местото каде Максимовиќ бил брутално претепан до смрт, по иницијатива на режисерот Горан Марковиќ на 18-ти ноември 2006 година.









