Ова се 10-те најстресни одлуки кои ги донесува една личност во животот: Резултати од истражувањата кои ги збуниле психолозите

Точка

13/12/2025

20:22

655

Големина на фонт

а а а

Некои одлуки ги носиме речиси автоматски – како на пример што ќе вечераме денес – додека други носат многу поголема тежина и можат сериозно да нè оптоварат. Селидба, промена на работа, прекин или почеток на врска… сето тоа се моменти што можат да разбудат стрес и несигурност.

Ново истражување открива кои животни одлуки луѓето ги сметаат за најризични и најнапнати, а резултатите би можеле да ве изненадат.

Ова е сеопфатна студија објавена минатиот месец во списанието „Psychological Science“. Истражувачите замолиле повеќе од 4.000 учесници да наведат реални, неодамнешни одлуки што за нив претставувале голем предизвик, наместо да им нудат хипотетички сценарија. Анализата на одговорите покажала дека одредени типови одлуки се повторуваат многу почесто од други.

Работа и кариера – најголем извор на стрес


Одлуките поврзани со работата и кариерата биле на врвот на листата. Без оглед на возраста или полот, одлуката за прифаќање нова работа се покажала како најризична, а веднаш потоа следела напуштањето на работното место.

Пари, возење и започнување бизнис

Финансиските ризици се нашле на третото место, пред сè вложувањето во акции, криптовалути и тргувањето на берза. Иако може да звучи тривијално, одлуката дали да се седне зад воланот се нашла на високото четврто место. Особено е стресна во ситуации на замор, лоши временски услови, невнимание или возење под дејство на алкохол.

На петтото место била одлуката за започнување сопствен бизнис.

Купувањето куќа, шестата најстресна одлука, исто така било често споменувано, со поими како „купување недвижност“, „инвестирање“ и „нова куповина“.

Здравје и општествен живот – помалку стресни отколку што се мислело


Последните четири места во првите 10 им припаднале на одлуки од областа на здравјето и општествениот живот. На седмото место била одлуката за операција, а на деветтото – вакцинацијата. Истражувачите забележуваат дека недовербата кон вакцините расте, а како пример го наведуваат падот на стапката на вакцинација против грип во САД.

Осмото и десеттото место ги зазеле бракот и преселбата во друга земја – две големи животни пресвртници кои не биле доживеани како најризични.

Неочекувани наоди

Истражувачите најмногу ги изненадило тоа што одлуките поврзани со здравјето или општествените односи, како што се запознавањето или самостојното патување, не биле на врвот на листата.

„Бевме заинтересирани да ги видиме овие резултати, но нашите податоци укажуваат дека е токму спротивното“, изјави авторот на студијата Ренато Фреј, професор по психологија на Универзитетот во Цирих. „Пред сè, луѓето размислуваат за ризични избори во кариерата.“

Авторите истакнуваат дека намерно го оставиле поимот „ризично“ широко дефиниран – за некои тој се однесува на финансиските последици, додека други ризикот го поврзуваат со одлуки што го обликуваат нивниот живот на подолг рок. Возраста исто така влијаела врз перцепцијата на ризик: постарите испитаници го сметале прифаќањето нова работа за поризично, додека помладите испитаници повеќе се плашеле од давање отказ.


Истражувачите се надеваат дека овие сознанија ќе помогнат за подобра поддршка на луѓето при донесувањето важни животни одлуки. „Овие нијансирани обрасци ни помагаат да разбереме кои групи од населението се изложени на кои видови ризик“, заклучил Фреј.

10 најстресни животни одлуки, според студијата:

1. Прифаќање нова работа

2. Напуштање работа

3. Вложување пари (акции, криптовалути, берза)

4. Возење

5. Започнување сопствен бизнис

6. Купување недвижности

7. Подложување на операција

8. Венчавање

9. Вакцинација

10. Преселба во друга земја