Во пресрет на претстојните новогодишни празници, сите сме во потрага по уникатни идеи за украсување на елките со желба секоја година деталите да бидат поразлични од претходната.
Деновиве на Инстаграм може да видиме различни украси кои ја доловуваат новогодишната магија, а дел од нив се навистина уникатни.
Од една таква декорација се воодушевила и нашата дива Каролина Гочева која на Инстаграм стори споделила фотографии од елка за чие украсување бил инспирација нејзиниот стајлинг.
Зоран Спирковски споделил видео во кое ги покажува празничните украси додека на ТВ го гледа настапот од Каролина на Евровизија 2002 година со песната „Од нас зависи“.
Тој бил инспириран од евровизискиот изглед на пејачката, па новогодишната елка ја „облекол“ во златно-црвен фустан каков што Гочева носеше на престижното музичко натпреварување.

Гочева во споделената објава напишала:
„Разгледувам пропуштени постови на кои ме тагирале, ова ми е генијално, браво Зоки. За вас што ве мрзи да гледате до крај, јас како инспирација за елка“.







